Basic Info
Detailed info
- Mission:
- Сликата во мојата глава беше мачна и некомотна. Мажи со костуми, италијански чевли од чиста кожа, луѓе во кои никогаш не живеела слободата, жени чии грешки се крунисуваа како успеси. Ја негуваа традицијата во бесмислени семејства. Кичот и просекот трубеа толку силно што ми ги распоруваа ушите.
А Вера? Таа беше кутро девојченце чии родители го освоиле овој свет. Само родена. Затоа ја сакав. Златната белезица и се претопува со бронзената кожа и нежно и го разубавува зглобот, без трошка лажен сјај.











